Денеска во Општина Охрид, на барање на градоначалникот Кирил Пецаков, се одржа состанок во врска со затворањето за сообраќај на патот Подмоље – Охрид и пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга. На состанокот присуствуваа претставници од СВР Охрид, ХОТАМ, туристички работници, угостителски еснаф и претставници на службите од Локалната самоуправа.
Присутните на состанокот потпишаа Барање до Владата и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните зафати до септември.
Во продолжение Барањето во целост:
Согласно одржаниот состанок на ден 12.06.2023 година кој беше наменет за
последиците кои што Охрид и регионот ќе ги трпат од новиот режим на
сообраќај на влезот од Охрид кај Подмоље, односно пренасочувањето на
сообраќајот по стариот локален пат Охрид – Струга едногласно произлезе
заклучок дека ваквата состојба е погубна за Охрид и Охридскиот регион,
бидејќи во моментов и периодот што следи Охрид ќе биде центар во
Република Македонија. Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се
затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно
ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи
предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром. Со ваквата одлука
голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без
приходи. Тука истотака се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои
веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без
прихот. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години
за туризмот и турстичките работници, ова би значело крах на туристичкиот
сектор во Охрид, а воедно и во Република Македонија.
Покрај горенаведените причини, со пренасочувањето произлегува и
дополнителен проблем кој е од хуман и здраствен аспект. Преоторувањето
на стариот локален пат Охрид – Струга, создава поблем и за возилата за
специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила.
Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за
ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатка
создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за
терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во
Струга. Истотака се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за
кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на
пациентите потребна е брза реакција.
Од сето горенаведено заедничи испраќаме БАРАЊЕ до Владата на Република
Македонија и до Министерството за транспорт и врски, градежните зафати
на овој потег да ги одложат за септември. До ова барање се дојде имајќи
предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од
автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на
друга точка, а од септември да продолжат на оваа.