Skip to main content

Брза интервенција на ТППЕ Охрид

Пожар на влезот од населбата Гоце Делчев

За среќа интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, според жителите, била експресна и пожарот бил за многу кратко време ликвидиран.
 |  инфодеск  | 
пожар Бараки

Попладнево на влезот во населбата Гоце Делчев ( Бараки) дојде до пожар во шумата покрај патот во близина на детското игралиште.

Се запалила сува ниска вегетација во боровата шума и огнот започнал брзо да се шири поради ветрот. За среќа интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, според жителите, била експресна и пожарот бил за многу кратко време ликвидиран.

Неофицијално, причина за пожарот бил електричен кабел.