Почина Коле Петкуќески
Денес ненадејно почина нашиот сограѓанин Кољчо Петкуќески. Петкуќески беше еден од основачите и главен организатор на детскиот фестивал Распено Рибарче, организатор на голем број концерти во Охрид и Македонија, ценет од цела македонска естрада.

Коле Петкуќески, долги години беше раководител и на Школата за модерни танци. Организирал повеќе стотици културно-забавни настани, а освен школата за танци, го организираше традиционалното детско музичко фестивалче – „Распеано Рибарче“. Првото „Распеано рибарче“ беше организирано во 1998 година. Благодарение на ентузијазмот и несебичното залагање на Петкуќески овој омилен фестивал за најмалите охриѓанчиња опстојува цели 18 години. Посмртните останки на Коле Петкуќески ќе бидат изложени од 14 до 15 часот во капелата на градските гробишта Охрид, а погребот ќе биде ивршен во 15 часот.