Skip to main content

СВР Охрид

Пријавено исчезнување на глувонема жена од Охрид

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 19 април 2026 година, во 09:18 часот, 19-годишно лице од Охрид пријавило  дека неговата 45-годишна мајка, глувонемо лице, на 17 април 2026 година, со автобус отишла во Скопје и откако не се вратила, се обиделе да стапат во контакт со неа, но нејзиниот телефон не бил достапен.

– Според пријавеното, на 19 април 2026 година, во 08:20 часот се јавила нивната мајка, но веднаш се изгубил контактот, по што не можеле да ја добијат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид.