Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла која ќе се задржи подолго во текот на денот и таму температурата ќе остане пониска. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 9 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.