Skip to main content

Светската гастрономија се оддалечува од луксузот и се приближува кон природата и традиционалните рецепти

Светската гастрономија се оддалечува од класичниот концепт на луксуз и Мишелин ѕвезди. Фокусот се префрла кон локални производи, традиционални рецепти и одржливост. Чинијата да ја допира природата, е суштината на пораката од светски шефови кои го пренесуваат знаењето на охриѓани.
 |  инфодеск  | 

Зелената транзиција е иднината на гастрономијата. Локалните производи и традиционалните рецепти  се  во фокусот на светската кулинарска сцена. Ова е главната порака што  познатите  шефови  им ја пренесоа  на студентите и угостителските работници во Охрид.

Класичниот концепт на луксуз и Мишелин ѕвезди ги заменуваат  традиционални рецепти.

-Главната поента на готвењето е да се разбере готвењето, да се земе од на фарма од градина и да се подготви вкусна трпеза која ќе им се допадне на луѓето. Мишелин ѕвездата е како шлаг на торта ако ја имате е убаво, но таа не ве менува , вели Филип Ондрушек од Австрија шеф со Мишелин ѕвезда.

Многу ми се допаѓа македонската храна. Појадокот наутро е прекрасен вкусив повеќе рецепти со  пилешко, телешко, колбаси се е феноменално, вели Д-р Мичел Елиот професор по гастрономија од Америка.

Во фокусот на новите трендови е максималното искористување на храната и намалувањето на отпадот. Наместо фрлање на делови од намирниците, тие добиваат нова вредност во подготовката на специјалитети.


-Друг проблем е што во нашите угостителски објекти многу малку нудиме вакви локални приказни. Најчесто истите познати јадења се нудат во сите ресторани, а локалните намирници не ги добиваат вниманието што го заслужуваат – охридскиот домат, охридската цреша и многу други производи. Но сето тоа треба да биде сервирано на модерен начин . Велиме дека минатото треба да се спои со иднината. И она што е особено важно во овој момент е „zero waste” менаџментот, за кој ние речиси и да немаме доволно знаење. Целта на овој час е токму тоа да се потенцира
, вели професорката Ангела Паскуале Крстаноска.

Охрид треба подобро да ги искористи сопствените гастрономски потенцијали. Наместо унифицирана понуда, треба да го гради својот препознатлив идентитет преку локалните производи и традиционалните рецепти, сервирани на современ начин.

Новинар Соња Рилковска