Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишен скопјанец за нелегален транспорт на теписи и стази

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична против 52-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик. На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое лицето вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода. Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна постапка.