Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: Пронајдено безживотното тело на охриѓанецот по кој се трагаше, автомобил изгоре во двор во Струга

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  |  ,
Свр Охрид

На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело. По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за 57-годишно лице од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.

На 08.12.2025 година во 03:35 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во патнички автомобил „шери тиго“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на 33-годишно лице од Струга, паркиран во куќниот двор, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.