Skip to main content

СВР Охрид против трговијата со наркотици

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид во изминатиот период спроведе акција за спречување на трговија со дрога и психотропни супстанци. За таа цела на подрачјето на Охрид бил извршен преглед на повеќе лица, бил вршен претрес на помошни простории на едно лице и неколку патнички моторни возила.

 |   | 

Како што информираат од МВР, на 31-ви јули во Охрид при легитимирање и преглед на две лица од Куманово било пронајдено кесе со непозната тревкаста материја. Истиот ден во Охрид при легитимирање и преглед на две лица од Велес била пронајдена една издробена жолта таблета, најверојатно екстази. На 1-ви август при легитимирање и преглед на три лица од Штип и нивното возило била пронајдена мала количина марихуана и две таблети. Истиот ден, при легитимирање и преглед на три лица од Битола биле пронајдени две таблети со жолта боја и една таблета со зелена боја. При легитимирање и преглед на две лица од Куманово биле пронајдени две рачно изработени цигари, а при претрес на дом и помошни простории на 38-годишно лице била пронајдена кеса со непозната зелена растителна материја.

По комплетирање на сите настани против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.