СДСМ Охрид: Китески ем во работно време држи прес, ем ги заборавил документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината
Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, ем се решил во работно време да претрча на прес пред јавното обвинителство, ем заборавил со него да ги понесе документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината во која работи, регират од ОО на СДСМ Охрид на прес конференцијата на потпретседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.
„Ги предаде ли Китески документите за двајца сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи “изработил и одобрил” одобрение за градба?! Ништо не е сменето во ДПМНЕ. За нив држава и партија е едно исто. Злоупотреба, закани и лаги се нивна одлика. Охриѓани ја препознаваат разликата и затоа на претстојните избори ќе бидат поразени.“ – се вели во реакцијата од СДСМ.