Со стар пасош, сакал да лета за Велика Британија
Од МВР информираат дека вчера, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ при пасошка контрола 39-годишно лице од Албанија, приложило стара патна исправа на која имало стикер од постојана дозвола за престој во Велика Британија.
| | Охрид

Поради основано сомнение за фалсификувана дозвола за престој на лицето му е одбиен излез од Македонија, по што е лишен од слобода и е предаден на полициски службеници од Полициската станица во Охрид за понатамошна постапка.