Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Од УХМР информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Денешните минимални температури во Охрид од 15, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ индексот со вредност 9.