Претпладне облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец.
Денес во Охрид минималните температури од -2, а максималните до 12 степени Целзиусови.
Од денес следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.