Skip to main content

СВР Охрид

Сообраќајка на магистралниот пат Подмоље-Струга, почина 75-годишен пешак од Ливада

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 16 февруари 2026 година, во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Струга, товарно возило марка „МАН“, управувано од 52-годишно лице од Република Албанија, удрило во 75-годишен пешак од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.

– Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека лицето од селото Ливада се оддалечило од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.