Skip to main content

СВР Охрид

Три одделни интервенции на СВР Охрид: приведени насилник кој претходно ја нападнал сопругата, двајца агресивни млади и дилер на дрога

Од најновиот Билтен на СВР Охрид
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 24 февруари 2026 година, во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 24 февруари 2026 година, во 00:20 часот на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на возраст од 17 од 20 години, кои под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службените мерки. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој бил затекнат од полициски службеници при продажба на марихуана на лице од Охрид, по што биле лишени од слобода, информираат од СВР Охрид.