Утре литургијата по повод празникот Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија во храмот „Св. Софија“, црковно-народен собир и во Лагадин
Традицијата продолжува: Утре во Охрид ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

По повод празникот посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Исто така, утре граѓаните традиционално ќе се соберат на црковно-народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин. Богослужбата ќе започне во 13:00 часот.




