Skip to main content

УХМР

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Минималните температури денес во Охрид од 4, а максималните до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималните температури денес во Охрид од 4, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека од утре, среда, и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.