Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе има вредност 9.
Од денес следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C, велат од УХМР.