Skip to main content

Физичките лица кои вршат воден превоз мора да се регистираат

Општина Охрид со соопштение за облигаторна регистрација на физичките лица кои сакаат да обавуваат воден превоз со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица.

 |   | 

Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година.

Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ ( кое е објавено на општинската страна или може истото да се подигне во просториите на Секторот за ТЛЕР ).

Физичките лица кон БАРАЊЕТО треба да ја приложат следната документација:

– УВЕРЕНИЕ за оспособеност за управување со чамец – ПЛОВИДБЕНА ДОЗВОЛА – Осигурителна полиса (осигурување од повреда и смрт)

Подетални информации може да добиете во секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 046/230 175.