Skip to main content

Охрид 1940-45

Фотографиите на Јонче Поп Стефанија сведоштво за Охрид од 40-тите години на XX век

Изложбата на универзитетскиот професор Роберт Јанкулоски, изработена од негативите на познатиот охридски сликар, пред скоро еден век, предизвикаа голем интерес кај јавноста. Изложбата ја сочинуваат 33 вредни фотографии отпечатени на архивска хартија, кои имаат документарна вредност и претставува културно богатство.
 |  инфодеск  | 

Старите фотографии на Јонче Поп Стефанија го „оживеаја“ Охрид во периодот од 1940 до 1945 година. Изложбата во „Куќата на Уранија“ на универзитетскиот професор Роберт Јанкулоски, изработена од негативите на познатиот охридски фотограф Поп Стефанија, пред скоро еден век, предизвикаа голем интерес кај јавноста.

Фотографиите се сведоштво на животот на обичниот човек во Охрид пред почетокот на Втората светска војна. Изложбата ја сочинуваат 33 вредни фотографии отпечатени на архивска хартија, кои имаат документарна вредност и претставува културно богатство.

Од целокупното творештво на Јонче Поп Стефанија овде е охридски да се изразам една капка од езерото. Само еден дел од неговите фотографии, изложени се 33 фотографии и при изборот јас гледав да има најразлични пристапи и најразлични теми од овој период. Тука особено инетерсни се фотографиите кои се снимени на плажите во Охрид, пристаништето, пристигнување на бугарските, германските, италијанските војници, партизаните кога дошле во 1944 година. Животот по кафеаните, улиците, портрети на деца“ , вели универзитетскиот професор Роберт Јанкулоски автор на изложбата „Охрид 1940-45“.

Семејството Поп Стефанија има желба заборавените негативи, кои го отсликуваат животот во Охрид пред речиси еден век да станат достапни за јавноста.

Јас имав една добра колекција повеќе пакети на негативи и решивме да направиме соработка овие негативи да ја видат светлината на денот. Да најдеме фотографии со ументички и документарен израз“, изјави Љупчо Поп Стефанија синот на охридскиот фотограф.

Кај вујко Јонче имаше нешто особено, тој знаеше да сними детаљ како да знаеше дека во времето што следи фотографијата ќе стане уметничко дело. Тој не го знаеше но тоа го чувствуваше.“ – рече академик Вера Грозданова Битракова.

Изложбата Охрид 1940-45 ќе биде претставена и во Битола, а во иднина се планира да се дополни колекцијата со вредните фотографии од Јонче Поп Стефанија и да се изработи монографија. Како дел од овој проект беа исчистени, препакувани, дигитализирани и дигитално реставрирани 1.025 негативи од фотографската збирка на Поп Стефанија.

Новинар Соња Рилковска