Skip to main content

Подготовки за квалификациски меч за Лига на шампиони

Фудбалскиот терен “Билјанини Извори” ќе биде затворен за користење до 19 јули

Теренот се подготвува за натпреварот меѓу македонскиот шампион Струга Трим Лум и Жалгирис во квалификациите за Лига на шампиони.
 |  инфодеск  | 
Терен Билјанини

На градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.

Шампионот Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јули кај Жалгирис додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 18 јули.

„Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. “ – велат од ЈП Билјанини извори.

За таа цел од денес до 19 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи. Од јавното претпријатие се заблагодаруваат на соработката и разбирањето на сите фудбалски корисници. ЈП “Билјанини Извори” на нашиот фудбалски шампион му посакува успех во квалификациите за Лигата на шампиони.