Skip to main content

цук

ЦУК: Во Охрид поплавени подруми и дворови во мал обем, состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Македонија е стабилна.
 |  инфодеск  |  ,

Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Македонија е стабилна.

Од ЦУК информираат дека во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.