Skip to main content

Центар за управување со кризи

ЦУК: Надлежни служби интервенираа во Охрид, каналите се расчистуваат, водостоите се во благо опаѓање

Стабилизирана состојбата по обилните врнежи: Опаѓаат водостоите, расчистени и одроните.
 |  инфодеск  |  ,

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.

Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.

Од ЦУК додаваат дека според информациите кои ги добиле од УХМР, денес (23.11.2025) времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а во југоисточните делови можно е појава на ретки грмежи. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, на запад периодично засилен од западен правец, а долж Повардарието од северозапад. Максималната температура ќе се движи од 8 до 17°C.