ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) за период од две години.
Деловните простории се наоѓаат во административниот објект на јавното претпријатие на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид.
- Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2 и означен како деловен простор бр.3, со почетна цена на јавното наддавање од 14,349.56 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
- Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2 и означен како деловен простор бр.4, со почетна цена на јавното наддавање од 14,453.67 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид најдоцна до 10.10.2023 до 12 часот.
Огласот во целост можете да го прочитате ТУКА.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.