Skip to main content

Џентилони: „Справувањето со мигрантите-заеднички товар на сите европски земји“

Масовниот наплив на мигранти од Африка и Блискиот Исток една од клучните теми на состанокот на министрите за надворешни работи при Централно Европската иницијатива. Генерален заклучок на состанокот беше дека справувањето со проблемот со мигрантите е заеднички товар на сите европски земји.

 |  Мишел Наумоски  | 
migranti

Прашањето со мигрантите една од топ темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите членки на Централноевропската иницијатива. Според министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, најважно е заедничкото справување со ова прашање. Џентилони вели дека има неколку аспекти кои се клучни во ова прашање како што се активностите во земјите на потекло на миграцијата, активностите против трговците со луѓе, активностите за спасување на море како и предлогот на Советот на Европа за релокација на мигрантите.

migranti ministri CEI„Ова не е чудесно решение за прашањето на миграцијата. Димензијата на билатералната соработка има подеднаква важност. Билатерална соработка помеѓу различни земји. Тука е европската рамка на договори со земји кои не се членки на ЕУ. Денеска го потпишавме инструментот за спроведување на ваква рамка на договори помеѓу Македонија и Италија и ова е пример кој ја илустрира важноста на билатералната димензија. Мораме заедно да работиме на ова прашање.“-вели Џентилони.

Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, земјите од нашиот регион се во просек посиромашни од западноевропските земји и истите не можат на ист начин да се справуваат со проблемот со мигрантите.

migranti EU„Тоа што би сакале да го истакнеме во оваа соработка помеѓу триото кое претседаваше со ЦЕИ, и секретаријатот на ЦЕИ, договоривме и неколку проекти и неколку декларации, а една од нив се однесуваше и на справувањето со миграциите кои во овој период имаат особено значење за нашиот регион бидејќи сме соочени со трендови кои не биле видени во минатото и за кои одговорот ЕУ мора да ги земе во обзир и предизвиците со кои се соочуваме ние како регион.“-рече министерот Попоски.

Инаку во последниов период Европа, особено земјите од Западен Балкан како и земјите од Медитеранот се соочуваат со сериозен наплив на мигранти од Блискиот Исток и Африка. Голем дел од нив преку Грција транзитираат и низ Македонија, а за жал некои од нив завршуваат како жртви на трговија со луѓе, но и жртви на грабежи силувања, а некогаш и воопшто не стигнуваат до нивните крајни дестинации во западноевропските земји.