Окт 9, 2026
УХМР
Денес времето променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Денес во Охрид температурите од 9 до 22 степени Целзиусови.
Окт 8, 2026
Прекин на водоснабдувањето на улицата „Сирма Војвода“.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со интервенцијата.
Окт 8, 2026
Расте посетеноста на културно историските локалитети во Охрид
Расте бројот на посетители на охридските културно-историски локалитети, а интерес има во текот на целата година. Музејот на вода, Самуиловата тврдина и Куќата на Робевци се меѓу најпосетените. Годинава продолжува и уредувањето на Самуиловата тврдина со нови содржини и археолошки истражувања.
Окт 8, 2026
Охридскиот аеродром годинава се очекува да ја заокружи со опслужување на 400 илјади патници
Растот на охридскиот аеродром е дел од зголемениот авио-сообраќај во земјава. Во истиот период, двата македонски аеродроми опслужиле повеќе од 3,3 милиони патници, што е годишен раст од 29 отсто.
Окт 8, 2026
Недостиг на медицински кадар во Охридско-струшкиот регион
Лекари, медицински сестри, инструментарки и друг стручен кадар недостигаат во здравствените установи во Охридско-струшкиот регион, а проблемот дополнително се продлабочува со заминувањето на здравствените работници во пензија. Министерот за здравство Сашо Клековски најавува поедноставување на процедурите за нивна замена и долгорочни решенија за надминување на недостигот.
Окт 8, 2026
Охрид со свечена програма ќе го одбележи 11 Октомври – Денот на Народното востание
Централната свечена програма по повод јубилејот ќе започне во 11 часот пред Домот на културата во Лескоец.
Окт 8, 2026
Aкција за подигнување кабаст и зелен отпад во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала
Отпадот уредно да се депонира најдоцна до 07.00 часот на 09.10.2026 година и претходно локацијата да се пријави на дежурните телефони.







