Јун 24, 2026
Под мотото „Каде што живее поезијата“, денеска во Струга започнуваат јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата
Струга од денес до 29 јуни повторно ќе биде светски центар на поетскиот збор. Со садење дрво во Паркот на поезијата и поетско читање започнува јубилејното 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, кое годинава ќе обедини околу 70 поети, критичари и литературни творци од земјава и светот. Соња Рилковска ја имаме во живо од Струга.
Јун 24, 2026
Започнува „Везилка”: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција
Проектот „Везилка” ќе биде поврзан со европската AI фабрика „Фарос” во Грција и ќе стане дел од поширокиот регионален и европски екосистем за вештачка интелигенција, отворајќи нови можности за македонските истражувачи, компании, стартапи и институции.
Јун 24, 2026
Надлежните бараат решенија за неправилното депонирање отпад и создавањето диви депонии
ЈП „Охридски Комуналец“, Општина Охрид, инспекциските служби и управителите на станбени згради ги координираат активностите за поефикасно справување со неправилното одлагање отпад и спречување на појавата на диви депонии во градот.
Јун 24, 2026
Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на Балканските Египќани
Во честитката, Пецаков истакнува дека Египќаните се важен дел од општествениот и културниот живот на Охрид и Македонија и со својата активност и ангажман во различни области даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница.
Јун 24, 2026
Петто издание на „Охрид Вино Фест“ со повеќе винарии, повеќе храна и богата музичка програма
Организаторите најавуваат рекорден број посетители, повеќе винарии и збогатена програма која треба да го означи почетокот на летната туристичка сезона во градот.
Јун 24, 2026
православен календар
Празник на Светите Вартоломеј и Варнава – Вртолум
Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.
Јун 24, 2026
УХМР
УХМР: Денес локално интензивно невреме, од викендот повторно сончево и топло
Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 27 степени Целзиусови.
Јун 23, 2026
Усвоен ребалансот на Буџетот за 2026, најмногу пари добија министерствата за животна средина и за транспорт
Расходниот дел од буџетот се зголемува за околу 179 милиони евра од кои за капитални инвестиции има дополнителни 100 милиони евра.







