Мар 17, 2024
Основно јавно обвинителство Охрид
ОЈО: Откриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид, поведена истрага
Против лицето за кое е отворена истражна постапка, обвинителството до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување мерка притвор.
Мар 15, 2024
Kривична пријава за директорот на Охридски Комуналец за набавка на половен булдожер за пет пати повисока цена од пазарната
Тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле Jавното претпријатие за сума од над 50.000 евра со набавка на булдожер за пет пати повисока цена од пазарната вредност.
Мар 15, 2024
Зајкова во Охрид: Секој поединец е важен и со својот глас одлучува во каков правец ќе се движи државата
Охриѓани денеска имаа можност на плоштадот Крушевска република и во чаршијата да поразговараат со претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова. Посeтата на Зајкова на Охрид е во рамки на иницијативата на партијата за конципирање на мерки насловена „Секој е важен“.
Мар 15, 2024
Борис Стојаноски доби признание од Црвен Крст за 100 крводарувања во 2023 год
Денеска на свеченост по повод 17ти март, Денот на крводарителството на РМ и денот на Црвениот крст на РМ, општинската организација на Црвениот крст од Охрид додели соодветни признанија, благодарници, плакети на заслужни поединци, фирми, институции, но пред се на крводарители, којшто исполниле јубилеен број на дарувани единици во 2023 година. Охрабрува фактот што расте бројот на лица коишто за првпат даруваат крв, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Мар 15, 2024
Прекин во водоснабдувањетo на „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Мар 15, 2024
Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица
Вакцината против пертусис не е задолжителна за возрасни.
Мар 15, 2024
Општина Охрид
Се чисти дивата депонија кај Градските гробишта
До сега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут, а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот, информираат од Општина Охрид.
Мар 15, 2024
Државна изборна комисија
Скоро 18 000 лица направиле увид во избирачкиот список
Од ДИК апелираат граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до 18 март.