Јун 16, 2026
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка за 0,25% поради инфлациските ризици
Птегот на Народната банка доаѓа по одлуката на Европската централна банка да ја зголеми референтната камата прв пат од 2023 година.
Јун 16, 2026
Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите
Пет министерства, заедно со партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилство кај младите, денеска потпишаа Декларација за намери со која се обврзуваат на поинтензивна соработка во справувањето со овој сериозен општествен предизвик.
Јун 16, 2026
Богатиот нумизматички материјал од Плаошник ја открива тајната на охридската средновековна ковница
Охрид бил еден од најважните монетарни центри на Балканот, а новите истражувања на Плаошник откриваат исклучително богат нумизматички материјал. Археологот Даница Размовска-Бачевска во нов научен труд ги открива деталите за монетното депо кое отвора нови сознанија за средновековната историја на градот.
Јун 16, 2026
АХВ запре увоз на речиси 24 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип
На сила е забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло, заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава.
Јун 16, 2026
Смртта на 20-годишно момче ја отвори болната тема за безбедноста на струшките капалишта
Безредието на струшкото крајбрежје повторно во фокусот по трагичната смрт на 20-годишно момче кое вчера се удави на „машка плажа” откако скокнало од педалинка. Случајот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на капалиштата, каде со години нема спасители, ниту јасно уреден ред и контрола.
Јун 16, 2026
Спојувањето на „Градски пазар“ и „Градски гробишта“ треба да заврши до септември
На дневен ред на денешната седница на Совет имаше 29 точки, а единствената кратка дискусија се водеше токму околу оправданоста од именување нови управни и надзорни одбори во претпријатијата кои веќе се наоѓаат во процес на спојување.
Јун 16, 2026
православен календар
Светиот свештеномаченик Лукијан
Денес православните верници го слават споменот на Светиот свештеномаченик Лукијан.
Јун 16, 2026
УХМР
УХМР: Променливо облачно и топло со сончеви периоди
Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови.







