Skip to main content
Хуманитарна акција
Дек 15, 2022
Солидарност
Над 80 топли оброци на иницијатива на учениците на Средното угостителско училиште Ванчо Питошески за миг ќе нахранат и усреќат ранливи и социјално загрозени граѓани од Охрид. Учениците под менторство на своите професори во Регионален центар за стручно образование и обука, потпомогнати од волонтерите на Црвен Крст Охрид ќе приготват и достават оброците во рамки на месецот на дарување „Радосен декември“.

Полиција
Дек 15, 2022
Физички напад
Приведени се двајца охриѓани кои физички нападнале полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Канцеларија потрошувачи
Дек 15, 2022
Локален пазар
Започна да функционира Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид. Отворањето на канцеларијата е дел од првата двегодишна програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи во рамки на локалната самоуправа. Во Програмата 2022-2023 година предвидени се низа активности чија основна цел е подобрување на состојбата со правата на граѓаните како потрошувачи на територија на Општина Охрид.

Кардиологија
Дек 15, 2022
Потпишан договор
Со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2” предвидено е реконструкција на Центарот за кардиологија во Охрид.

Јован Стојаноски
Дек 15, 2022
Ин мемориам
Денес се навршуваат четири години од смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ.

Училиште Оровник
Дек 15, 2022
Општина дебрца
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.

Во душата на немиот свет
Дек 15, 2022
Градска библиотека
Книгата за деца „Во душата на немиот свет“ од Даниела Илијоска ќе биде промовирана денеска во охридската библиотека, со почеток во 12 часот.

Недела на шпански филм во Охрид
Дек 15, 2022
Центар за култура григор прличев
Со проекција на филмови од шпанска продукција и поставување изложба ќе биде одбележана културната соработката меѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Македонија.