Skip to main content
Јабланица
Фев 7, 2023
Развој на планински туризам
Десет години се најавува изградба на ски центар на Јабланица, но денес оваа идеја е само на проект. Од хотелската асоцијација велат потребна е изградба на ски центар за збогатување на понудата и развој на туризмот преку целата година.

Костадиновска Стојчевска
Фев 7, 2023
Зачувување на статусот на охридскиот регион
Во Охрид ќе се отвора канцеларија на УНЕСКО. Отворањето на канцеларија е потврда на нашата политика за зачувување на статусот на Охридскиот Регион, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска од Париз каде е на состанок со првите луѓе на телата на УНЕСКО. Министерката информира дека доставени се ажурираниот извештај за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион како заеднички документ со Албанија и извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките.

Фев 7, 2023
Катастрофален земјотрес
Охриѓани сочувствуваат со несреќата на народите од Турција и Сирија во погодените подрачја од земјотресот. Градското собрание изгласа одлука да се додели парична помош за настраданите делови од разорниот земјотрес.

Денари минималец
Фев 7, 2023
Министерство за економија
Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година.

Христијан Пендиков
Фев 7, 2023
Секретар на бугарски клуб во охрид
Привремено живеалиште во Софија, парични средства и бугарско државјанство ќе добие секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Отешево Охрид
Фев 7, 2023
Предупредување
Сите несовесни граѓани, кои и покрај се ќе бидат заглавени на овој патен правец, ги молиме за помош да се обратат до ЈП за одржување на патиштата, АМСМ или друга шлеп служба, велат од ПСС.

Зграда општина Охрид
Фев 7, 2023
Вонредна седница
Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.

Полициски службеници
Фев 7, 2023
Управувале возило со брзина поголема од дозволената
Полициските службеници затекнале 18 возачи во Охрид кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.