Skip to main content

Јун 21, 2025
Првиот ден од летото е обележан со летната краткоденица, која започна денес и ќе трае до 23 септември.

Јун 21, 2025
православен календар
Православен календар: Пренос на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат.

Јун 21, 2025
Температурите во Охрид од 13 до 27 степени Целзиусови.

Јун 20, 2025
Парична казна од 10 000 евра за струшкиот градоначалник за незаконското поставување на директори во три училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Ова е прва обвинителна пресуда, претходно Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на аудито.

Јун 20, 2025
Стопирана изградбата на објектот во старата охридска чаршија од страна на Државниот инспекторат за градежништво. Инспекторите при вонреден увид утврдиле дека инвеститорот гради бесправно, за што ќе му биде поднесена пријава.

Јун 20, 2025
22-годишник од прилепско Пашино Рувци синоќа со возило удри во двајца пешаци во Охрид, од повредите почина 44-годишна охриѓанка.

Јун 20, 2025
Црвен крст Охрид
Денес вработените на Костал ќе ја даруваат својата скапоцена течност во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид.

Јун 20, 2025
православен календар
Православен календар: Спомен на Маченички Калерија (Валерија), Кириакија и Марија во Кесарија Палестинска.