Јун 17, 2025
Високите температури и наглите промени на температурата го зголемија бројот на пациенети во амбулантите на Кардиолошки центар Охрид
Високите температури ги полнат амбулантите во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања. Пациентите се жалат на тешко дишење, замор, главоболки, вртоглавици. Посебно се загрижувачки се огромните варијации на крвниот притисок и пореметувања на срцевиот ритам. Лицата со хронични заболувања, особено оние со кардиоваскуларни, треба да бидат особено дисциплинирани во следењето на препораките за заштита при високи температури.
Јун 17, 2025
Привршува санацијата на наколната населба во Градиште
Привршува санацијата на наколната населба во Градиште, најспосетуваниот музеј на брегот на Охридското Езеро. Локалитетот единствен од ваков вид на Балканот се уште е магнет за туристите.
Јун 17, 2025
Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води
За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта на Охридското езеро.
Јун 17, 2025
СВР Охрид
Во четврток вежбовна активност за боево гаѓање на „Бејбунар“
Од СВР Охрид апелираат граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
Јун 17, 2025
општина вевчани
Утре прекин во напојувањето со електрична енергија во Вевчани
Утре ќе бидат изведени активности за подобрување на електричната мрежа во Општина Вевчани.
Јун 17, 2025
Седум години од Преспанскиот договор
Преспанскиот договор беше потпишан од тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Јун 17, 2025
општина охрид
Викендов ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро
Општина Охрид ја подготви Програмата за одбележување на 21-ви Јуни – Денот на Охридското Езеро.
Јун 17, 2025
општина охрид
Ќе се реконструира водоводната линија на улицата „Кленоец“, воведен времен режим на сообраќај кај „Леарница“
Се замолуваат жителите од овој дел на градот да ги почитуваат времените мерки на сообраќај, внимателно да се движат и сообраќаат во насока на поголема лична безбедност и непречено одвивање на активностите.