Skip to main content
Босна и Херцеговина избори
Окт 1, 2022
Избори
Детални информации за изборите можете да погледнете на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина.

Турнир во шах Ласкер 2022
Окт 1, 2022
Младински турнир во шах „Ласкер 2022“ за учениците од охридските основни училишта се одржа вчера во ООУ „Братство Единство“.

Семејно насилство
Сеп 30, 2022
Улица дејан војвода
29-годишен охриѓанец физички нападнал 19-годишна девојка. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полиција
Сеп 30, 2022
Пронајдена дрога
Приведен дилер во Охрид кај кого во неговиот дом полицијата пронајде две кеси со марихуана, кеса со кафеава грутчеста материја и таблети.

Струга во мрак
Сеп 30, 2022
Општината штеди струја
Струга штеди електрична енергија. Градот е во мрак. Во поголемиот дел од општината од 22 часот се гасат уличните светла. Граѓаните се револтирани, велат не можат да се движат ноќе, а плаќаат ставка за улично осветлување.

Кардиолошка болница Охрид
Сеп 30, 2022
Јубилеј
Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид го прослави своето 40 годишно постоење, истовреме под мотото „Да го користиме срцето за сите други срца“ го одбележа светскиот ден на срцето.

Сеп 30, 2022
Локална самоуправа
Руинирана, школска зграда адаптирана за развој на авантуристички туризам во Дебрца. Со објектот ќе стопанисува општина Дебрца. Средствата за реновирање на зградата се обезбедени од ИПА фондовите и Министерството за локална самоуправа.

Конгрес дерматовенеролози
Сеп 30, 2022
Настан
На конгресот за дерматовенеролози учествуваат голем број доктори, универзитетски професори, членови на Академии од регионот и Европа.