Мај 20, 2022
Ден на сесловенските просветители
Етничките македонци од Пустец ќе го прослават 24 мај
Со низа активности, етничките македонци од Пустец за првпат ќе го прослават 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Мај 20, 2022
Кривична пријава
Скопјанец ширел расизам и ксенофобија преку Фејсбук
Поднесена е кривична пријава против скопјанец поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук.
Мај 19, 2022
Проверка на факти
Албанците не се платеници испратени во Украина
Наративи кои го претставуваат Албанецот како криминалец се појавуваат во медиумите кога има политичка криза во земјата или во случајов меѓународна криза како што е онаа на Русија со Украина и Западот. Во текстот што го рецензираме Албанците кои живеат во Украина се етикетирани како платеници кои се борат против Русија, а вистината е дека тие заминале да живеат во оваа земја, а потоа како професионални војници се приклучиле на војската.
Мај 19, 2022
Ученици од прво одделение
Еко работилница во ООУ Григор Прличев
Општина Охрид заедно со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ денеска организираше еко работилница за учениците од прво одделение во ООУ „Григор Прличев“.
Мај 19, 2022
Стопанство
Јапонски искуства за домашните компании
Почнува постапка за стандардизирани менторски услуги. Ментори ќе ги подучуваат компанииите како да постигнат економски развој. Поддршката е техничка, чекор пред добивање финансиска поддршка.
Мај 19, 2022
Проверка на факти
Со измислена изјава се велича моќта на Русија
Прашањата на меѓународната безбедност и воените теми имаат тенденција да привлечат голем интерес кај читателите, поради што често се случува одредени настани или изјави да бидат извадени од контекст и им се даваат сензационалистички бои. На овој начин, колку повеќе се кликнува на линкот, толку повеќе се зголемува рекламирањето и профитот на луѓето кои го злоупотребуваат медиумскиот простор. Во содржината која ја разгледуваме со измислена изјава се велича моќта на Русија, пишува Порталб.мк.
Мај 19, 2022
Проверка на факти
Џонсон во изјава за Нато не ја споменува Петровска ниту Македонија
Текстот што го анализираме, во насловот содржи невистини и е сензационалистички. Од една страна иронично се „исмејува“ подготвеноста на министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, да им помогне на НАТО сојузниците во евентуален руско-украински конфликт, а од друга страна, се остава простор да се помисли дека во текстот се зборува за директна помош од РСМ, со војници подготвени за војна. Потоа, во текстот преземен од руски „Спутник“ дека ја има верзијата на српски јазик, се користи изразот „подготвеност за испраќање војници во Украина“, додека тоа е искривување на првобитната изјава во која се вели „желба за испраќање војници“.
Мај 19, 2022
Проверка на факти
Македонската економија полека се престројува на гас
Минатата година се потрошени рекордни 420 милиони нормални кубни метригас. Во Македонија до 2024 година треба да се обезбедат капацитети за пристап до 5,5 милијарди кубни метри гас со интерконекцијата со Грција. Земјава треба да стане гасен јазол од каде гас ќе влечат Косово и Јужна Србија.