Skip to main content

Сеп 10, 2021
Ковид 19
4 опции за влез во Грција за да се ограничи ширењето на Ковид-19. Задолжителен тест на влезните точки за 16 земји, меѓу кои и Македонија.

Сеп 8, 2021

Завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга. Директорите велат дека се подготвени од четврток да започнат со настава со физичко присуство. Во основните училишта во струшко, каде наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство до денес нема ниту еден заболен ученик. Дали средношколците од Струга ќе се вратат во училипните клупи ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.


Фев 8, 2022

По денешната одржана седница, Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки кои ќе му бидат доставени на министерот за здравство, а потоа ќе се најдат и пред кризниот штаб. Се продолжува важноста на сертификатите за прележан ковид од 45 на 180 дена, протоколите за лекување ќе станат подостапни за сите оние кои се вклучени во процесот на лекување, ќе се спроведе скрининг во училиштата за да се направи увид во распространетоста на вирусот во овој дел од популацијата и направена е детална анализа за смртноста во првиот месец од оваа година од ковид 19.


Јан 28, 2022
ваерс систем
Во постот што го рецензираме, се тврди дека некои серии вакцини се посмртоносни од други серии на вакцини.

Дек 21, 2021

Во охридско-струшкиот регион недостигаат готвачи и шефови на кујна. Ниските плати и рестрикциите во пандемијата главни причини за одливот на вој стручен кадар во странство. Здруженијата на готвачи од регионот се обидуваат да помогнат и да ги мотивираат младите, за таа цел спроведуваат забрзани курсеви за готварство.


Ное 2, 2021

Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница.


Окт 19, 2021

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот.


Сеп 9, 2021
Ковид 19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања. Регистрирани се 256 нови случаи на ковид 19.