Охриѓанец со дрвен предмет нападнал жител на Горно Лакочереј
На 18.12.2021 година во 19:15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А. (31) од Охрид, кој претходно на пресекот на улиците „7 ноември” и „Питу Гули” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и со дрвен предмет физички го нападнал И.Н. (59) од охридското село Горно Лакочереј.
Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат
Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на „Фајзер“ е поделен и за политичарите во Македонија, тоа е целосно паушално нафрлено и непоткрепено со никакви докази.
Пациентка предизвикала пожар во ковид болница во Бугарија
Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми.
Свечено затворени јубилејните 60-ти „Струшки вечери на поезијата“
Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга“’ синоќа заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид
Општина Охрид објавува Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од градот Охрид. Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година.
9 возачи во Охрид управувале возило под дејство на алкохол
На 18/19.12.2021 година од 21 до 03 часот на целото подрачје на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-06, Кичево-02, Дебар-01).
Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња
Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.
Во Дубаи запленет кокаин вреден 136 милиони долари
Полицијата во Дубаи заплени 500 килограми чист кокаин, чија вредност е 136 милиони долари на илегалниот пазар, објавија денеска локалните власти.