Skip to main content
Социјални пакети
Апр 21, 2022
Општина охрид
Општина Охрид додели празнични пакети за лица од социјален ризик. Пакетите ги доделија градоначалникот Пецаков и секретарот Китески.

Патронат Христо Узунов
Апр 21, 2022
По повод годишнината од смртта на Христо Узунов, а во рамки на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“, делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, положи свежо цвеќе пред спомен бистата на револуционерот во дворот на училиштето.

Пешачки премин
Апр 21, 2022
Сообраќајни контроли
При извршени сообраќајни контроли санкционирани се 48 пешаци на подрачјето на СВР Охрид поради незбедно преминување на улица. 30 лица се казнети во Охрид.

shallow focus photography of brown eggs
Апр 21, 2022
Стопанство
Агенцијата за храна и ветеринарство врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца. Увозот и продажбата на храна подлежат под целосна конторла така што на пазарот не можат да постават небезбеден производ. Од АХВ стравуваат дека може да се случи храната да ја има, но да не достапна заради високите цени.

Ввечани
Апр 21, 2022
Туризам
Општина Вевчани е подготвена да ги пречека туристите за претстојните празници. Се чисти и уредува секој дел од Вевчани. Оваа година, приоритет на општината е реконструкција на улиците и пробивање на земјен пат до земјоделските парцели.

Ковид болница
Апр 21, 2022
Двоцифрена бројка на новозаразени
Денеска двоцифрена бројка на новозаразени од ковид 19 во земјава. Во последните 24 часа почина само едно лице, информираат од министерството за здравство.

Св Јован Канео
Апр 21, 2022
Охридско струшка ривиера
Хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се очекува да бидат исполнети до околу 50%. Поради светската криза, интересот за патување е преполовен.

Дарко Костиќ
Апр 21, 2022
Србија
Модниот креатор Дарко Костиќ е уапсен бидејќи држел млад човек заробен во својата куќа и му се заканил дека ќе го убие.