Skip to main content

Јул 23, 2021

Објектот е целосно реновиран, а со тоа овозможени се услови за поздрава и постимулативна средина за престој на децата. Проект кој е поддржан со грант од Швајцарската Агенција за обнова и развој, а го избраа граѓаните на Вевчани.


Фев 6, 2022

Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, синоќа во НУЦК “Григор Прличев“ продолжија свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“. 


Дек 17, 2021

На 16.12.2021 година во 11:10 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода Р.Л. (21) од Охрид.


Окт 18, 2021

Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во целосното интервју таа споменува многу причини, како недоволна вакцинација, старосна возраст на населението, коморбидитети, како, на пример, зголемен број на дијабетичари кои се поранливи на тешка форма на ковид и други.


Окт 1, 2021

Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот синџир продавници.


Авг 25, 2021

Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа.


Јул 21, 2021

Слаб е интересот за вакцинација во Струга. Најмал одзив има по руралните средини каде процентот на имунизирани е под 20 %. Најголем е во Вевчани, каде 60% од населението над 18 години е вакцинирано. Во Охрид интересот двојно поголем, општината со стапка  42,9% е на второ место во земјава по имунизација после Кавадарци.


Фев 5, 2022

На 04.02.2022 околу 17 часот, во СВР Охрид е приведен И.Б. (32) од Охрид кој претходно е затекнат при извршување на тешка кражба во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.