Skip to main content
Европска конференција за религии
Јун 15, 2022
Втората Европска конференција за религии
Научници, професори и експерти бараат решение за прекин на руско украинскиот конфликт. Според експертите кои се дел од Втората Европска конференција за религии, војната во Украина не е само економска и политичка, туку етничка и религиозна. На дебатата во Струга учествуваат и научници од Украина и Русија.

Семејно насилство
Јун 15, 2022
Напад врз жена
51-годишен битолчанец физички ја нападнал поранешната сопруга во стан во Охрид и извршил оштетување на дел од покуќнината. Тој веќе имал судско решение со кое му се забранува да ја малтретира, вознемирува, телефонира или на кој било начин да комуницира со неа.

vlada na R.Makedonija
Јун 15, 2022
Одлука на Влада
Владата го донесе решението, а известено е Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори.

Полиција
Јун 15, 2022
Физички напад
Малолетно лице било физички нападнато од 46-годишен охриѓанец на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена пријава.

Пукање Калифорнија
Јун 15, 2022
Вооружено насилство
Загинаа три лица при престрелка во градот Ел Монте. Убиени се двајца полицајци и еден осомничен, соопштија властите во Калифорнија.

Шарл Мишел
Јун 15, 2022
Преспа форум
Во пресрет на Преспа Форумот за дијалог, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе го посети Охрид, соопшти Делегацијата на ЕУ.

полициска лента
Јун 15, 2022
Трагедија
62-годишен жител на Ботун загина во сообраќајна несреќа која се случи помеѓу селата Климештани и Ботун, информираат од СВР Охрид.

Интернет експлорер
Јун 15, 2022
Интернет
Некогаш најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95 отсто удел на пазарот. Но, неговата употреба е значително намалена со лансирањето на „Фајрфокс“ (2004), „Гугл хром“ (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како Андроид и иОС кои не поддржуваат „Интернет експлорер“.