Skip to main content

Дек 4, 2019

Се раскинува договорот за продажба на земјиштето на локацијата  крај Студенчишки канал меѓу општина Oхрид и Фибула травел. Вака одлучи основниот суд Охрид по тужбеното барање на општината. За оваа атрактивна локација на охридското крајбрежје каде требаше да гради два хотели од  висока категорија, со години судски спорови се водат поѓу Фибула Травел и  ГП Трудбеник кое на таа локација имаше времени објекти во кои беше сместена и дирекцијата на претпријатието.


Јун 23, 2015

Пожар го зафати објектот на некогашниот затворен пливачки базен во Струга. Единиците на Против пожарната единица од Струга веднаш интервенирале и за брзо време пожарот бил локализиран.


Јун 11, 2009

Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН.


Дек 4, 2019

Просторот еопремен и до крајот на месецов треба да почне да функционира. Податоците од  Центарот за социјални работи Охрид покажуваат дека семејното насилство  е во пораст што , покрај на други фактори , се должи и на тоа што жртвите се повеќе се охрабруваат да го пријават.


Јун 11, 2009

Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.


Јан 4, 2022

За избегнување на финансиските загуби општината ќе бара субвенционирање на електричната енергија од државата. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ќе се обиде да најде решение за намалување на потрошувачката на струја.


Дек 4, 2019

На повеќе локации  депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ – бараки, по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа:  с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.


Јун 10, 2009

Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните преговори со организацијата.