Skip to main content

Дек 13, 2021

Охридските советници имаа можност да бидат дел од обуката за транспарентност и отчетност која се одржа во Скопје.


Сеп 27, 2021

Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до  Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп.


Сеп 14, 2021

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.


Апр 9, 2021

Денеска во Струга започна судскиот процес за дивата струшка депонија.  Македонското здружението на млади правници  ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално Струга поради непреземање мерки за справување со депонијата со што го повредилче правотo на здрава животна средина. По неколкуте неуспешни кривични пријави против непознат сторител, ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија.


Фев 2, 2022

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022.


Дек 13, 2021

„ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства.


Сеп 27, 2021

Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува изнесеното во постот, дека 80 проценти од починатите, умираат во меѓупериодот меѓу првата и втората доза.


Сеп 11, 2021

Околу 60.000 потрошувачи останаа без електрична енергија на источниот брег на канадскиот остров Њу Фаундленд поради ураганот Лари, објави телевизијата Си-Би-Си.