Skip to main content

Јун 29, 2021

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, во четврток, на 1. јули 2021 година ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.


Апр 19, 2020

По уредувањето на дивата депонија во местноста “Царо Поле”, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино.


Јан 30, 2022

На 29.01.2022 во 21:45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај месноста „Карпа”, патничко возило „фиат”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (43) од охридското село Велгошти, излетало од коловозот. 


Јан 20, 2022

Хотелската асоцијација најавува пораст на цените од 20-тина % во хотелско-угостителскиот сектор. Велат ценовниот шок на останатите производи веќе е на товар на работењето во секторот, ќе мора да растат цените на аранжманите и услугите. Хотам бара олеснување на постапката за дозвола за производство на електрична енергија со фотоволтаични системи за да може да бидат поконкурентни.


Дек 8, 2021

На 07.12.2021 во 11.55 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, патничко возило „фолксваген голф”, со бугарски национални ознаки, управувано од К.С.(35) од с.Требеништа, охридско, удрило во велосипед управуван од М.Л.(72) од Охрид.


Авг 31, 2021

Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12 години засега не се препорачува ниту една вакцина против ковид-19.


Авг 29, 2021

Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.


Јун 28, 2021

Вакцинацијата во наредните денови ќе се одвива со забрзано темпо, по пристигнувањето на пратката од вкупно 500 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Во петокот во С. Македонија пристигнаа и 100.620 дози од вакцината „Фајзер“, набавени преку Ковакс механизмот.