Skip to main content
Ное 4, 2021

Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година.


Окт 24, 2021

Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан.


Сеп 16, 2021

Пожар веќе три дена беснее на Јабланица. Синоќа пламените јазици наближувале до првите куќи во селото Вишни. Жителите преплашени, пожарникарите и Македонски шуми на терен ја набљудуваат состојбата, велат засега нема опасност од проширување.


Сеп 15, 2021

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.


Фев 25, 2022

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк.


Фев 19, 2022

На 18.02.2022 година од 12 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид, регистрирале и санкционирале 4 возачи кои не одстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.


Фев 9, 2022

На 08.02.2022 во периодот од 11:00 до 16:00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците.


Зграда општина Охрид
Дек 22, 2021
Урбани заедници
Се крои општинскиот буџет, а нема организирана граѓанска форма за да се изнесат комуналните проблеми. Пасивноста се должи на недоверба кон политичарите.