Охриѓанец извршил кражба во селото Оровник
На 18.12.2021 околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебрца.
ПЦР тестот не е канцероген по стерилизација со етилен оксид
Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.
Земјотрес од 6,2 степени на Хаваи
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран јужно од островот Хаваи, соопшти американскиот геолошки институт, но нема предупредување за цунами или извештаи за можна штета.
Се намалува бројот на новодијагностицирани со Ковид-19
Бројот на новозаболени и на хоспитализирани пациенти се намалува, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека од среда ќе се укине препораката за онлајн настава за средношколците во Струга и во Кичево, а уште една недела во сила останува препораката за Тетово и за Гостивар.
Ковид пациенти ја преполнија Модуларната болница во Струга
Расте бројот на заболени, а расте и притисокот врз болниците. Модуларната болница во Струга полна со пациенти, останаа уште три слободни места. Заболени од корона вирусот ќе се лекуваат и на Интерното одделение во струшката болница.
ИПА Охрид одржа Изборно собрание
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости.
Пчеларите не се убијци, порачаа охридските пчелари
На денешната прес конференција револтирани од изречена висока парична казна од Основен суд Охрид против нивен колега за каснување од пчели пресудата ја сметаат за атак врз пчеларите и пчелите. Пчеларите се ставени во категорија на убијци кои чуваат инсекти животно загрозувачки по животот на населението, велат одгледувачите на пчели. Бараат од надлежните институции да ја преиспитаат, како што велат, апсурдната судска одлука на Основниот суд Охрид.
СВР Охрид започна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства”. Вчера на плоштадот „Крушевска Република”, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди.
