Во составот на Кока Кола нема абортирани фетуси
ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола! Ниту Кока Кола, ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија изведена од еден, здрав, абортиран фетус пред 40 години.
НАСА ја тестира одбраната на Земјата од можни опасни астероиди
НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември.
Пристигна првата група авганистански граѓани во Скопје
Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс.
Пожар на депонија и нива во Струшко
На 12-ти август 2021 година, околу 21:00 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар на депонија и нива со нискостеблеста вегетација во близина на локалниот пат помеѓу струшките села Долно Татеши и Мислодежда.
Општина Охрид дел од проектот „ЕУ за општините“
На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.
Утре се слави Свети Никола
Православните христијани во Македонија утре го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…
Не постојат глобал-сатанисти, имунизацијата се одвива врз база на научни студии
Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за приоритетна вакцинација на трудници.
Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19
Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.