Skip to main content

Авг 5, 2021

На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки  за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален  и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19.


Јул 10, 2021

Пожар избувна во шумската област Киристос на островот Евија во Грција, но властите сè уште не знаат точно што го предизвика пожарот.


Јун 15, 2020

Владата на Република Северна Македонија на 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.


Сеп 20, 2018

За брзо време ќе биде пуштена во употреба претоварната станица на струшката дива депонија. Хрватската компанија забрзано работи на изградба на станицата по европски терк. Команалниот отпад во станицата ќе се пресува и во специјални контејнери ќе се транспортира на друга локација, најверојатно на Дрисла.


Јан 23, 2022

Со внимание ја проследив онаа провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу моето тестирање за ковид, надополнето со многу политика. Веројатно тезата “Наќе е крив” сега е заменето со акцијата “Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата, се вели во официјалното соопштение на Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.


Дек 1, 2021

Годинава во Охрид е дијагностициран само еден нов случај на ХИВ. Први декември се одбележува како Светски ден на ХИВ/Сида, а годинешното мото  е „Глобална солидарност и флексибилни услуги, крај на нееднаковостите – крај на Сидата“. 


Авг 4, 2021

Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин.


Мај 18, 2021

Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.