Skip to main content
Сеп 29, 2021

Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксидот, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, нема графен оксид, нерѓосувачки челик, ни алуминиум како состојки во вакцините.


Сеп 25, 2021

Можеби некому му се чини дека инфлацијата е проблем кој ќе исчезне, но голема е веројатноста дека ќе доведе до криза во годините кои претстојат, предупредија економистите на Дојче банк.


Авг 22, 2021

Угостителите од Струмица информираат дека едногласно донеле одлука за бојкот изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.


Јун 28, 2021

Продолжува пустошењето на боровите шуми во атарот на селото Лабуништа. И концесионерите на шумите, но и дрвокрадци од околината и Албанија ги соголија шумите на Јабланица. Активистите од Лабуништа бараат надлежните да преземат мерки во спротивно се заканија со протести и блокади.


Фев 4, 2022

Театарската претстава „Сопружници“ која беше закажана за денес, се презакажува за 18.02.2022 (петок).


Дек 15, 2021

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.


Сеп 28, 2021

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со него се дава литиум, ниту, пак, некако се наштетува како што лажно се тврди во постот. Сосема е неможно во ПЦР стапчето да има батерија, како што се додава во бесмислените констатации поврзани со 5Г конспирацијата на заговор.


Авг 23, 2021

Овој пост е со испуштен контекстот, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика. Објавата дезинформира дека хигиеничарите на железничка станица во Велика Британија се преправаат дека нешто работат, за да предизвикаат страв и за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од ковид-19. Од компанијата одговорна да ја чисти станицата за „Ројтерс“ изјавиле дека вработените со работниот договор се обврзани да се фотографираат за да се валидира дека ја завршиле нивната работна задача.