Skip to main content
запленети риби
Апр 7, 2022
Рибокрадство
Забранет риболовот, а охридските риби ексклузивна понуда во ресторанските менија. Невладините велат, Охридското Езеро е на удар на рибокрадците кои „дебело“ заработуваат уништувајќи го рибниот фонд. Бараат засилени полициски контроли, особено во струшкиот дел.

финални работи центарот Коста Србакоски
Апр 7, 2022
Вевчани
Започнаа градежните работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар “Коста Србакоски” Вевчани.

Празникот Свето Благовештение или Благовец
Апр 7, 2022
Празници
Денес православните христијани го слават празникот Свето Благовештение или Благовец. Во Охрид на Благовец луѓето саделе тикви.

Борче Треновски
Апр 6, 2022
Отчетност во работење
Голем дел од општините се соочуваат со ограничувања, од кои најважен е намалениот кадровски капацитет, односно одливот на кадри пред се во доменот на финансиите.

Агенција за храна и ветеринарство лого
Апр 6, 2022
Агенција за храна и ветеринарство
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека и во Македонија превентивно се повлекуваат Киндер производите. По Велика Британија, денес Германија, Франција, Холандија и уште неколку европски држави го повлекоа од продажба киндер јајцето како производ, поради инфекција од салмонела.

Комисија за заразни болести
Апр 6, 2022
Комисија за заразни болести
Да се укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни.

хотели повисоки цени
Апр 6, 2022
Туризам
За 20-тина проценти се поскапени цените во хотелско угостителскиот сектор. Трендот на поскапување ќе продолжи и во следните месеци. Туристичките работници стравуваат дека повисоките цени ќе придонесат за помал број на гости, бидејќи цената е пресудна за организирање на летните одмори.

Осломеј пожар
Апр 6, 2022
Трансформаторска станица
Пред денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски, утринава изби пожар во трансформаторска станица, дел од новоизградената фотонапонска електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.