Дек 1, 2023
Судење Пендиков
Со исказ на Пендиков продолжи судењето во Охрид
Со исказ на поранешниот секретар на сега затворениот бугарски клуб во Охрид, продолжи судскиот процес за Христијан пендиков. Одбраната тврди дека тепачката нема допирни точки со национална омраза, туку се однесува на приватни нерасчистени сметки поврзани со дрога. Оштетената страна пак демантира.
Дек 1, 2023
Светскиот ден на лица со посебни потреби одбележан во Инклузивната игротека Радост
Меѓународниот ден на лица со посебни потреби 3-ти Декември денеска беше одбележан во Инклузивната игротека Радост каде дечињата со посебни потреби и ученици од охридките училишта покажаа што е инклузија преку дружење, игра и песна. Но во делот на вклученост на лицата со посебни потреби во сите аспекти од општественото живеење во нашта држава работите се одвиваат многу бавно. Дневниот центар за лица со посебни потреби кој му е неопходен на Охрид заглави во бирократија.
Дек 1, 2023
Светски ден на борба против СИДА
Во Охрид годинава регистрирани три нови случаи на лица инфицирани со ХИВ/СИДА
Во македонија 505 лица живеат со ХИВ/СИДА. Во светот и кај нас денеска се одбележува 1 Декември – Светскиот ден на борба против СИДА. Црвен крст Охрид организира низа активностите по повод Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА со цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата но и тестирањето за секое лице да го знае својот хив статус.
Дек 1, 2023
ТППЕ Охрид
Пожар на три објекти на ул. „Гоце Делчев“ предизвика голема материјална штета
Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.
Дек 1, 2023
Потребни се повеќе факти, а не сензационализам и полувистини за квалитетот на водата во Охридското Езеро
Често медиумите погрешно ги презентирaат стручните извештаи, некогаш од недоволни познавања, но некогаш и тенденциозно.
Дек 1, 2023
Општина Охрид
Советот за Развој на Југозападниот плански регион ја одржа 10-тата седница
На 10-та Седница на Советот на Југозападниот плански регион сите точки од дневниот ред се усвоија едногласно од присутните членови.
Ное 30, 2023
Гинеколошко одделение во Охрид
Во Охрид годинава има 445 новороденчиња
Во Охрид годинава има 445 новороденчиња. 56% од нив се женски, а 44% машки деца. На гинеколошкото одделение има доволно специјалисти гинеколози, а и добри услови поради што родилиштето прераснува во регионален центар, во него доаѓаат пациенти и од другите градови.
Ное 30, 2023
Совет на Општина Охрид
Дискусија во советот за резултатите на јавните претпријатија во третиот квартал
Јавните претпријатија во фокусот на денешната 35 та седница на Советот на Општина Охрид. Иако на дневен ред беше нацрт буџетот за следната година место предлози за програмите, се разви богата дискусија за тоа дали прикажаната добивка на ЈП „Водовод“ во третиот квартал е реална.